Пандов: Ќе се случи Македонска пролет која ќе донесе предвремени парламентарни избори и пад на Заев и СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа власт е школски пример за банана држава, ова е тоталитарен режим во кој имаме еден шериф, Зоран Заев со неговата свита кој дели и одзема правда и единствен спас се предвремени парламентарни избори заедно со локалните, а тоа ќе дојде преку Македонската пролет, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
Пандов истакна дека Зоран Заев и СДСМ ја носат Македонија кон секаков пропаст, од национален, се до економски, здравствен, правосуден, образовен па се дури и одбранбен со скандалите кои ги приредија во НАТО со недобивањето на безбедносните сертификати.
Тој додаде дека иако СДСМ дојде на власт дека ќе донесат правда и мир, сепак за овие 4 години се изнагледавме разни криминали од владините функционери за кои никој досега не одговараше и истите се заштитени.
– Сите се заштитени како бели мечки додека Маричиќ е во правда, а Спасовски во МВР, а Заев е премиер, нема влакно да им фали на глава. Не очекувам разврска за Ден Дончев, за Рашковски, ниту за било кој функционер . Се работи за криминална и корумпирана банда која што гледа што повеќе да украде и нема никаква црвена линија, нагласи Пандов.
Тој потенцираше дека единствен спас е предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори.
– Ќе се случи Македонска пролет која ќе ја принуди оваа банда на предвремени парламентарни избори. Секој што малку си ја сака својата татковина и посакува барем малку добро , нема да му даде поддршка на Заев, рече Пандов.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This