ПЕКОЛЕН ПЛАН ЗА КОСОВО:Албанците со КФОР вежбаат напади на српските тенкови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приштина со своите страски сојузници работи на сценарио за вовлекување на Република Србија и нејзината војска во кофликт.Командантот на косовските сили за безбедност наредил да се направи ,,план за одбрана“ пишува  „Новости“.

 

Командата на  Кфор има изработен  план во случај на влегување на единицата на Војската на Србија и Косово и наголемо организира вежби со припадниците на Косовските сили за безбедност, кои ги обучува за уништување ан српските тенкви.

Оваа информација, до која дошла српската разузнавачка служба , покажува дека Приштина на големо се подготвува за судир со српските сили за безбедност.  Во центарот на пеколниот план на приштинското раководство и нивиот западен сојузник е провоцирање на Белград и вовлекување на Војската на Србија во директен конфликт.

Главен удар според сценариото и планот, ќе го изврши албанскиот батаљо од Гњилане и јужна Митровица. Припадниците на  косовските безбедносни сили затоа долго време вежбаат   противтенковска борба, блокирање патишта, поставување противоклопни мини и гаѓање од ракетни фрлачи.

Според сознанијата на Новости, творецот на  сценарото за одговор на можни реакции на Белград е американскиот контингент на меѓународните сили кој својот план го составил во базата „Бондстил“.

Заедничките вежби на приштинските безбедносни силии НАТО одамна ги надминаа вообичаените партнерски приноси. Овие денови во текот на вежбата наречена “Сребрена Сабја”, што се одржува во базата на КФОР . Тоа е дел од еден поширок пакет на цивилно-воената соработка во која меѓународните сили и владата во Приштина веќе долго време го разработуваат безбедносното сценарио во чиј центар е воглавно конфликт со Белград.

Од истите причини, меѓународните сили континуирано го следат секој безбедносен потег на Белград.  За нив од разузнавачк и интерес е   претстојната вежба која српската армија, по повод  1 век од победата  во Првата светска војна, 10 ноември ќе организира во пет локации низ земјата. Во него ќе бидат вклучени 8.000 припадници  на ВС, од кои 6.000 ќе бидат вклучени во борбено гаѓање. Овие маневри по бројот на учесници ќе бидат најголеми во последните години во регионот.

Оваа вежба е замислена како сеопфатна проверка на подготвеноста на вооружените сили. Ќе содржи 469 борбени системи и 24 авиони.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This