ПЛАЧЕЊЕТО ПОМАГА ПРИ СТРЕСОТ: Иако околината често ги перципира солзите како знак на слабост, тие се сосема нормални

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако околината често ги перципира солзите како знак на слабост, тие се сосема нормални.

Невронаучникот и автор на книгата „Плачење: Мистерија на солзите“, Вилијам Фреј од Минесота, минал 15 години проучувајќи го дејството што го има плачењето врз луѓето.

Истражувањата покажале дека:

85% од жените и 73% од мажите се чувствуваат подобро и помалку лути по плачење, во просек, жена плаче 47 пати годишно, а маж 7, плачењето трае околу 6 минути, солзи најчесто течат меѓу 7 и 10 часот изутрина.

– Помалку стрес

Насобирањето на стресот може да предизвика заболувања на срцето и мозокот, па плачењето се смета за вештина за преживување на луѓето.

– Го намалува крвниот притисок

Плачењето се покажало како одличен регулатор на крвниот притисок и правилните отчукувања на срцето. Подобрувањето ќе го забележите веднаш.

– Солзите нѐ чистат од токсини

Лекарот тврди дека солзите навистина ги отстрануваат токсините од организмот – хемикалиите што се насобираат поради емоционален стрес.

– Плачењето открива дека сте човек

Иако очите на животните се влажни и заштитени со солзи, само луѓето можат да плачат кога се под влијание на емоции. Идниот пат кога ќе ви се плаче, слободно пуштете солза, добро исплачете се бидејќи и вие сте човек.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This