Уште еден случај на запален автомобил во Скопје. Овој пат станува збор за бизнисменот Штерјо Наков, сопственик на компанијата ,,Фершпед’’. Автомобилот марка ,,Мерцедес Ц 220’’ e опожарен во раните утрински. Ова е само уште автомобил кој влезе во црната статистика на билтенот на МВР, откако минатава недела ја пренесовме инофрмацијата за два други опожарени автомобили.
„На 03.08.2018 година во 03,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ имало опожарено патничко моторно возило “Мерцедес Ц 220“ сопственост на Ш.Н.(70) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишуваше во полицискиот билтен.
Да се потсетиме дека во март месец годинава, опожарено беше и возилото марка ,,БМВ’’ на неговиот син Сашо Наков.