- Advertisement -
На 23.02.2021 во 08:30 часот во СВР Скопје од Противпожарната единица од Скопје било пријавено дека во јавен царински склад на ул.„Јадранска магистрала“, сопственост на А.М.(41) од Скопје настанал пожар, при што била опожарена една комора.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а вработените Р.М.(47) и Џ.М.(27), двајцата од Скопје, поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.