Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ најави дека програмата за економско државјанство нема да биде продолжена. Причината за тоа е фактот што програмата не е поддржана од Европската унија.
„Оваа програма може да го забави процесот на пристапување на Црна Гора во Европската унија“, рече Милатовиќ во парламентот, додавајќи дека неговото министерство нема список на лица на кои им е дадено економско државјанство, објави црногорскиот јавен сервис РТЦГ.
Претходно, пратеникот на Демократскиот фронт, Дејан Đуровиќ, побара од владата да објави имиња на 67 граѓани кои добиле економско државјанство.
„Кои се почесните граѓани кои го добија пасошот и како го заслужија тоа?“, праша Ѓуровиќ на седницата на собранието, пренесува Б92.
Милатовиќ одговори дека работите за економско државјанство се во надлежност на Министерството за внатрешни работи и дека тој нема список со оние на кои им е доделен.