- Advertisement -
Одборот за традиционалната прослава на Бадник со Скопје на прес-конференција ги претстави кумот и здравичарот за годинава.
За кум е избран Љупче Николовски, а како здравичар беше претставен Миливое Алексиевски, попознат како Миле Сирма.
Николовски е бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, која во 2019 година прославува 25 години постоење и успешна работа и посветен Вински витез, а Алексиевски е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.