Од утре поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.
Утре во западните и во северните делови ќе има врнежи, кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне ќе има снег и на повисоките места на запад (околу 600 м.н.в). Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
В среда и в четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде в четврток и в петок, кога ќе достигне од -7 до 2 степена.
За време на викендот времето ќе биде сончево, а за новогодишната ноќ ведро и многу студено. Дневната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а преку ноќта температурата на повеќето места ќе биде под -10 степени.