ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ТЕТОВСКО: Полициска акција во Полог, откриени 17 странски државјанки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово синоќа од 23:00 до 2:00 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Фалише, сопственост на А.З. (50) од Тетово.Во објектот биле затекнати 16 странски државјанки, на возраст од 18 до 33 години, кои работеле како танчерки и пејачки. Од нив 14 биле од Република Албанија, една од Република Србија и една од Република Косово.


Странските државјанки, како и сопственикот А.З. биле приведени во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Истиот ден во времето од 23:00 до 3:00 часот од страна на полициски службеници извршена била и акциска контрола во угостителски објект лоциран во селото Чегране, сопственост на А.Д. (51) од село Чегране, каде што биле затекнати шест женски лица, и тоа пет македонски и една албанска државјанка, кои работеле како пејачки и танчерки, а заедно со сопственикот биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This