Полицијата koси: Во Битола kaзнети 100 возачи за брзо возење, во Штип kaзнети 105 возачи, во Тетово дури 144

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска (03.05.2021) во времето од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Штип е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуват возило со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата се санкционирани 105 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, од кои 70 прекршоци од возачи кои ја пречекориле брзината надвор од населено место и 35 во населено место. Откриени се и 21 друг вид на прекршоци.

И СВР Тетово спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив, дури 16 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 91 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Во СВР Битола исто така беше спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи. Од нив, 42 возеле побрзо од пропишаното надвор од населено место, а 58 во населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This