ПОМЕСТЕНИ СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ: Наместо 5.17 часот, покажува 6.17 – од град Скопје не знаат како се поместил часовникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поместени се стрелките на часовникот на Музејот на град Скопје, кои престаа да работат по катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963. Наместо 5.17 часот, стрелките на часовникот сега покажуваат 6.17 часот. Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека забележале оти стрелките се поместени деновиве додека работеле на поставување на буквите од пораката за солидарност на Јосип Броз Тито, во рамките на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофата.

-Не знаеме кога се поместиле стрелките. Најверојатно тоа е од последниот земјотрес што се случи пред две години, но никој досега не приметил. Попладневно екипи ќе излезат на терен и ќе ги поправат односно ќе го вратат времето 5.17 часот, кога тие престанале да работат, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This