Владата во Грција сака да изгради лебдечка ограда за да го спречи доаѓањето на мигрантите на грчките острови од блискиот турски брег.
Грчкото Министерство за одбрана ги повика приватните компании да достават понуди за лебдечка ограда од 2,7 км во рок од три месеци, според веб-страницата на грчката влада, пренесе АП.
Досега не се дадени детали за тоа кога би можела да се подигне оградата.
Мрежестата ограда ќе се издига 50 сантиметри над водата и треба да има светилки што трепкаат.
Министерството за одбрана проценува дека проектот ќе чини 500.000 евра, при што е вклучено и четиригодишно одржување.