Поројни дождови и утре, од понеделник стабилизирање на времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Штип за девет часа наврнале 19 литри дожд на квадратен метар, пет во Скопје – на мерната станица Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата на наврнат воден талог до 17 часот.

Нeстабилна облачност која наместа беше проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер почна да се развива околу пладне и попладне. Како што соопшти попладнево УХМР, процесите биле поинтензивни во атарот на Светиниколско и во регионите на Кичево, Велес, Маврово и Скопје.

Дневните температури се над 30-тиот степен: 30 во Берово и Крива Паланка; 31 во Охрид, Тетово и Претор; 32 во Виница, 33 степени во Битола, Прилеп и Скопје (Петровец); 34 во Демир Капија и Струмица и 35 степени измерени во Скопје (Зајачев Рид) и во Штип.

До крајот на денов претежно во планинските региони ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмeжи и засилен ветер, особено повеќе во североисточните делови на земјава.

За утре УХМР прогнозира променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Скопје утре попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и засилување на ветерот.

-Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти УХМР.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This