Потврдено: Парламентарни избори во Грција на 7 јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Алексис Ципрас одлучи парламентарните избори да се одржат на 7 јули, рече министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Алфа“, јавува МИА.

Тој вели дека одлуката изборите да се одржат на 7 јули е за да не се наруши одржувањето на испитите од државната матура кои завршуваат на 2 јули.

Ѕанакопулос вели дека премиерот Алексис Ципрас на 10 јуни ќе го посети претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и ќе побара од него да се распушти Парламентот и да распише предвремени избори. Тој вели дека земјата на избори ќе ја одведе актуелната, а не службена влада, со единствени промени во министерствата за цивилна заштита и внатрешни работи.

Ципрас рече дека ќе побара претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори, откако неговата партија загуби и на европските и на локалните избори.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This