ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ОСТРО РЕАГИРАШЕ: Очигледно е дека на СДСМ, ДУИ и Талат Џафери единствено им се битни политичките пазари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Остро реагираме и се спротиставуваме на нестрпливоста и неодговорноста на парламентарниото мнозинство и на господинот Талат Џафери, кои што отсуството на опозицијата во Собранието го злоупотребуваат и го користат за продолжување на партизацијата која што ја прават, овој пат во Уставниот суд и во Советот за јавни обвинители, велат од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изборот на Насер Ајдари, функционер на ДУИ на испразнетото место во Уставниот суд и изборот на Ангел Солев и Ангеле Илиевски кој што според пишувања во медиумите се членови на правниот комиет на СДСМ, претставува класична партизација на овие два органи. Парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, како и господинот Талат Џафери, денес преку Комисијата за прашања за изборите и именувањата, набрзина, користејќи го отсуството на опозицијата сакаат да го спроведат политичкиот пазар преку Собранието на Република Македонија, стои во соопштението на пратеничката група и се додава:

„Ова претставува уште еден доказ дека Талат Џафери и парламентарното мнозинство не се залагаат за независно и силно Собрание, туку едноставно го претворија Собранието во машинерија која што мора да ги официјализира партиските и штетни политики и пазари кои што се прават помеѓу СДСМ и ДУИ. И СДСМ, и ДУИ, и Талат Џафери се свесни на овој начин не се спроведуваат реформи односно ваквото работење и функционирање не е во согласност со забелешките и заклучоците од извештајот на Прибе на кој што секојдневно се повикуваат“.

Очигледно дека на СДСМ, ДУИ и Талат Џафери, подвлекуваат од претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ниту им се битни реформите и градењето на стабилно, независно и цврсто Собрание, ниту им се битни заклучоците од извештајот на Прибе, ниту функционирањето на демократските процеси и транспарентност, туку единствено им се битни политичките пазари.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This