Прво сефте на српската самоодна хаубица Б52КЕ „Нора“ во Кипар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот топ – хаубица „Нора“ стана дел од кипарската армија, а вчера за прв пат учествуваше во вежба во таа островска земја

На воената вежба, што се одржа на стрелиштето во Китија, пред министерот за одбрана на Кипар Хараламбос Петридис и командантот на Националната гарда, генерал полковник Демокрит Зервакис, присуствуваше и амбасадорот на Србија во таа земја Марко Благојевиќ

Оружениот систем „Нора“ е српско производство и се состои од 155-милиметарски самоодни хаубици од типот Нора Б52КЕ, со комплетна автоматизација при ракување без класично одделение за ракување односно екипажот на хаубицата за целосна функционалност се состои од само тројца членови, потоа оклопни возила од типот БОВ M-16 Милош и систем за набљудување.

Снабдувањето со овој вооружен систем е дел од повеќегодишниот план за унапредување и модернизација на кипарската национална гарда, се вели во соопштението на српското Министерство за надворешни работи.

По пукањето, министерот за одбрана Петридис им честиташе на припадниците на Националната гарда за вонредната обука, истакнувајќи дека тие ќе продолжат со понатамошно подобрување и модернизација на Националната гарда според постојните потреби.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This