ПРЕДВИДУВАЊАТА ЗА ЕКОНОМИЈАТА НЕГАТИВНИ: Пропаѓаат сите позитивни проекции на економскиот раст!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заробена во спрегите на политичката корумпираност, Македонија никако да излезе од сиромаштијата и да го најде патот до европските земји, пишува порталот Економски.

Слабостите на менаџирањето со јавните финансии и неефикасноста на буџетските трошења, зголемениот јавен долг, стагнацијата во структурните реформи, или накратко, лошите економските политики на државата во последниов период, се причини за економското стагнирање, па дури и економско назадување на Македонија.

Со секоја наредна анализа, се намалува и проекциите

Финансиските институции се испокараа меѓу себе. Светските финансиски институции и економските експерти на неколку наврати го намалија прогнозираниот раст за Македонија. Лошите економски политики на власта, го натераа Меѓународниот монетарен фонд да се посомнева во своите прогнози и на двапати да ја ревидира стапката на раст, од 3.5%, на 3.2%, и од 3.2%, на 2.5%.

Меѓутоа и оваа прогноза на намалена стапка не е одраз на реалната слика за македонското стопанство, па така, покрај Светската банка и Стопанската комора на северозападна Македонија, кои го намалија прогнозираниот раст на ММФ за Македонија, од 2.5%, на 1.5% и 0,7%, соодветно, и најновата анкета на НБРМ, прогнозираше  дека годишниот раст на БДП ќе се движи во интервалот од 0,5% до 0,9%, за 2017.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This