Според хрватскиот завод за статистика за претстојата летна сезона се издадени нешто повеќе од 12 000 дозволи за работа на лица од балканските земји.
Истра е еден од најатрактивните региони за летна работа во Хрватска, па затоа се издадени дозволи за повеќе од 6.000 странски работници. Пореч имало највеќе барања, и тоа над 1.900, Пула има издадено 1.886 дозволи, а за Ровињ 839, додека за Умаг се издадени 789 дозволи.
Тоа е 45% повеќе од вкупниот број дозволи издадени во 2018 година.
Статистиките говорат дека работници доаѓаат од регионот, и тоа 45% од БиХ, 30% од Србија, 10% од Македоија и 6% од Косово.
Ако се земе процентуалната застапеност, преку 1200 наши сограѓани заминале на печаба во Хрватска по легален пат, а има и такви кои работат на црно