Промени во раководството на Македонски Телеком

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Андреас Маиерхофер, Главниот извршен директор, заминува од Македонски Телеком и стапува на позицијата Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска.

telekom-49910

Андреас Маиерхофер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, заминува од компанијата и е назначен за Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска, од 1 април, 2017 година.

Маиерхофер дојде на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком и Претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија во 2014 година. Во неговата долга кариера во телекомуникацискиот сектор, ова беше негово прво искуство во Дојче Телеком групацијата, каде и ќе продолжи со своите професионални предизвици.

Под негово водство Т-Мобиле и Македонски Телеком станаа една компанија, што придонесе за уште подобро позиционирање на пазарот, се стабилизираше трендот на опаѓање на приходите, продолжија инвестициите во 4G мрежата и напредните технологии што овозможува на корисниците да им се понудат модерни, конвергирани и „смарт“ решенија и услуги.

Маиерхофер почна да работи во 1987 година во Групацијата Телеком Австрија и од тогаш бил носител на повеќе менаџерски позиции.  Во 1996 година станал Раководител на Секторот за фактурирање и наплата, а во 1999 година ја презел позицијата Директор на Кориснички услуги во Мобилком Австрија.  Како Главен оперативен директор во Си.мобил Словенија, Андреас бил одговорен за маркетинг, продажба, кориснички услуги и човечки ресурси од 2004 година, а во 2006 година станал нејзин Главен извршен директор. Својата меѓународна кариера ја продолжил во Бугарија каде што ја презел функцијата Главен комерцијален директор, а во 2009 година станал и Главен извршен директор на Мобител ЕАД, позиција на која бил до 2014 година.

Постапката за избор и назначување на нов Главен извршен директор на Македонски Телеком е во тек. Маиерхофер ќе ја води компанијата до 1 мај, 2017 година, кога треба да се избере негов заменик.

Андреас Маиерхофер ќе остане неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This