Полицијата пронашла арсенал нелегално воено оружје, муниција и експлозив во куќата во Глинске Пољане, по пријава од една жена која го пронашла оружјето по земјотресот во куќата на починатиот член на семејството, пренесуваат хрватските медиуми.
Во соопштението се наведува дека се пронајдени воен автоматски митралез, рачен ракетен фрлач, т.н. гранати- зољи, мини за осветлување тромбони, минофрлачки мини, 7,2 килограми воен експлозив ТНТ, 17 ловни касети, 90 парчиња муниција од пиштол и 477 парчиња муниција за пушка.
Од полицијата наведуваат дека станува збор за оружје чија фотографија изминатите денови се појави на социјалната мрежа Твитер, со коментар „Поздрав од зоља од Мајске Пољане Зошто некој го има ова дома во 2021“.
Инспекторите утврдиле дека не станува збор за Мајске Полјане, туку за локацијата и оружјето од доброволно предавање на оружјето во Глинске Пољане.
Дополнително, во соопштението се вели дека за откривањето на оружјето биле ангажирани 30 полицајци.
https://twitter.com/HrvatskaNikky/status/1348210505488465921?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1348210505488465921%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fczel-arsenal-oruzhje-e-pronajden-vo-kuka-vo-glinske-polane%2F