ПРОТЕСТИ НА ДЕЦАТА ВО ГЕРАНИЈА: Им порачаа на родителите “Играјте си со нас, а не со телефоните!”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во германскиот град Хамбург, децата кренале револуција и излегле на улиците. Тие протестирале поради своите родители кои премногу “зјапале во мобилните телефони”.

Тие им порачале на своите мајки и татковци помалку да си играат со паметните телефони, а повеќе со своите паметни деца. Мотото на демонстрациите било токму тоа: “Играј си со мене, а не со својот мобилен телефон”.

Децата носеле транспаренти на кои пишувало “Не мобилни телефони”, а извикувале и “Ние сме овде, ние викаме зошто вие само гледате во вашите мобилни”. Протестот, со помош на своите родители, го организирал 7-годишниот Емил Рустиџ.

 

 

Емил постојано се нервирал кога неговите родителите посветувале поголемо внимание на своите мобилни телефони, отколку на него. Тој одлучил да се побуни и заедно со своите другари на 8-ми септември излегол на улиците во Хамбург, а на Емил му се придружиле околу 150 луѓе.

Неодамна, едно американско истражување за навиките на тинејџерите на социјалните мрежи покажало дека околу 33 отсто од речиси 1000 анкетирани, на возраст помеѓу 13 и 17 години, сакаат нивните родители помалку да ги користат паметните телефони и сличните уреди.

“Им пречи тоа што нивните родители и пријатели поминуваат голем дел од времето на социјалните мрежи. Тие се чувствуваат како никој да не обрнува внимание на нив, а веројатно не сфаќаат дека и самите го прават тоа”, изјавил Рон Дал, директор на Центарот за развој на адолесценти на универзитетот во Калифорнија.

Педијатарот Џени Радески објавила труд во кој го проучува влијанието на технологијата врз односот на децата и родителите и открила дека има се’ повеќе случаи во кои технологијата влијае на социјалните врски, и дека во такви случаи се забележани се’ повеќе проблеми во детското однесување.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This