ПРОЧИТАНИ СЕ И ВЕЌЕ НЕ ИМ ПОМИНУВА: Најскапо платена кампања на СДСМ во 2018-та година беше против ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на 2018- година власта имаше три скапо платени кампањи. Првата беше кампањата да ги убеди своите членови дека тоа што го прават е добро, втората беше кон неопределените на кои им велеше дека „ова што го правиме можеби не е најдоброто, но подобро нема“, а третата најскапо платена беше насочена кон ВМРО-ДПМНЕ. Ова го изјави вечерва во „Отворено“ на Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој вели дека со оваа кампања целта на власта беше да се направи замена на тези главно преку социјалните мрежи за вината за се да се префрли кон ВМРО-ДПМНЕ.

-Преку лажни профили, ботови, но и луѓе кои биле влијателни во десницата, а сега и служат на власта, се пуштаат тези коишто се сведуваат на тоа дека власта ја уништува држвата, ама некако опозицијата е крива за тоа. Ова е шизофрена теза, не може опозицијата да е крива за глупостите на власта. Оваа најскапо платена и најдобро организирана кампања на власта во првите месеци од 2018 даваше плод, но се разголи и во моментов создава контраефект на властодршците кои мислат дека така ќе постигнат некаков ефект, рече тој и додаде:

„Прочитани се и веќе не им поминува“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This