- Advertisement -
На 14.06.2020 во 23.00 часот, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад, полициски службеници од Полициска станица Гостивар на ул.,,Гоце Делчев“, пред угостителски објект го нашле повреден А.Н.(39) од с.Лакавица, гостиварско.
Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Известен е Јавен обвинител.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на случајот.