И противниците и приврзаниците на ерменскиот премиер Никола Пашињан се собраа денеска на протест, во момент кога земјата им оддава почит на илјадниците убиени во борбите со Азербејџан за регионот Нагорно-Карабах, област во соседната земја со мнозинство Ерменци.
Критичарите побараа владата да поднесе оставка и фрлаа со јајца кон Пашињан.
Илјадници демонстранти се собраа денеска во близина на воените меморијални гробишта Ераблур, на периферијата на ерменскиот главен град Ереван, додека Пашињан им оддаде почит на загинатите војници во последните битки.
Во Ерменија има тридневна жалост за мртвите.
Противниците на премиерот извикуваа „Никол, предавник!“ и влегуваа во вербална расправија со приврзаниците на премиерот и полицијата.
Полицијата ги растера демонстрантите за да може Пашињан да помине, а нејзините членови со штитови и чадори го заштитуваа додека демонстрантите го гаѓаа со јајца.
Подоцна во текот на денот, околу 20 000 приврзаници на опозицијата маршираа низ Ереван за да одржат комеморација за жртвите од конфликтот.
Денеска и, 14 пензионирани генерали во отворено писмо повикуваа на оставка на Владата поради начинот на водење на борбите во Нагорно Карабах.