РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ КОСОВО-СРБИЈА:Високи српски функционери ќе бидат уап сени ако дојдат во Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред воведување на драконските такси со што фактички го забранија влезот на српски производи на територијата на Косово, приштинските власти донеле одлука на највисоките функционери од Белград да не им дозволат влез во Косово, пишува весникот „Новости“.

Според сознанија на весникот, списокот со непосакувани личности е доставен до сите полициски пунктови на премините, со напомена веднаш да бидат уап сени доколку некој од нив пристигне таму.

На списокот, во кој „Новости“ имал увид, се наоѓаат српската премиерка Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, за одбрана Александар Вулин, за трговија Расим Љајиќ, за градежништво Зорана Михајловиќ, претседателката на Парламентот Маја Гојковиќ и други српски функционери, како и 20 судии.

Според весникот, со ваквиот потег, по кршењето на договорот ЦЕФТА, Приштина го прекршила и договорот од Брисел кој се однесува на официјалните посети и кој се применува од 2014 година. Според него, за планирана посета на некој претставник од Белград е потребно само да се извести Приштина.

– Имајќи предвид дека „црната листа“ е составена пред одлуката во Интерпол да не го прими Косово, тоа покажува дека и дополнително воведените такси немаат многу врска со резултатот од тоа гласање, туку раководството во Приштина се води според други мотиви, се наведува во текстот на белградскиот весник.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This