Рудникот „Тораница“ го рестартира производството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рудникот за олово и цинк „Тораница“ од Крива Паланка  повторно почнува со работа. Рестартирањето на рударскиот капацитет ќе биде одбележано денеска со симболичен настан во општината, во соработка со новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“.

133467008-91213

За рестартирањето „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“, која доби дозвола за експлоатација на олово и цинк. Согласно договорот со Владата, „Булмак 2016“ во август годинава го рестартираше производството и во рудникот „Злетово“ во Пробиштип.

„Минстрој“ ќе ги менаџира „Злетово“ и „Тораница“ за годишна концесија од два милиона евра. По потпишувањето на договорот концесионерот најави дека ќе ги врати на работа околу 1000-те вработени во два рудника, со кои претходно стопанисуваше компанијата  „Индо минерали“.

Според последните податоци на Министерството за економија, во државава активно работат над 150 рудници претежно за експлоатација на олово, цинк, бакар, сребро и злато. Во рударскиот сектор, кој  учествува со 1,5 проценти во БДП на државата, се ангажирани околу 13.000 работници. Индексот на индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во период јануари – јуни годинава, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,5 проценти, а на бројот на  работниците 1,4  проценти.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This