Во октомври Пентагон во американската воздушна база Рамштајн во Германија испорача околу сто контејнери со различно вооружување и муниција, се наведува на сајтот на базата
Тоа е најголема испорака на муниција на САД во Европа од 1999. година, кога американското воено воздухопловство изведе околу 900 налети врз Југославија.
Како што се наведува, содржината на контејнерите е предвидена за осигурување на „оперативни реакции на заканите на агресивни играчи“.
Авио-базата Рамштајн е најголема база на американското воено воздухопловство во странство, а се претпоставува дека е и центар за контрола на летови на дронови.