САД ЈА ТРЕНИРА ЕВРОПА ЗА УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРКИ: Лавров предупреди на прекршување на договорот за нуклеарна пролиферација и загрозување на безбедноста на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека со американските програми за тренинг на не нуклеарни сили за користење на американско нуклеарно оружје, САД го прекршува Договорот за Нуклеарна непролиферација

Коментарите на Лавров го потврдува остриот став на Русија во однос на САД и тренингот на НАТО сојузниците. САД тренира европски држави кои самите не поседуваат нуклеарен арсенал како да користат американско нуклеарно оружје стационирано на европски тло. Москва на ова гледа како прекршување на NPT. NPT е меѓународен договор чија цел е спречување на ширењето на употребата на нуклеарни оружја под покровителство на ОН поточно канцеларијата на Обединети Нации задолжена за разоружување.

Лавров остро ја критикува Америка за распоредувањето на тактичко нуклеарно оружје на европско тло и инволвирањето на не нуклеарни сили во тренинг програмите, на Конференцијата на ОН во Женева посветена на разоружувањето.

,,Сите треба да разберат дека армијата на САД ги припрема армиите на европските држави за користење на тактичко нуклеарно оружје против Русија’’ вели тој.

Европа, но и целиот свет од ден во ден се се поблиску до обновување на Студената војна која во секој момент може да прерасне во термонуклеарна војна. Очигледно е дека агресорот е западот и воедно главната причина за повторно активирање на процесите карактеристични за минатиот век како трката во вооружување. НАТО и покрај убедувањата по распадот на СССР и Варшавскиот Пакт дека нема да се шири на Исток и доближува до Русија и понатаму ја спроведува стратегијата на обиколување на Русија со НАТО членки. Да не заборавиме и на рускиот авион кој го сруши турската авијација во Сирија. Главен причинител на овој меѓународен инцидент сепак е САД иако Турција беше изведувачот на агресијата против Русија. Ова е факт бидејќи рускиот авион беше срушен со авион од американско производство, а преќутен договор помеѓу НАТО членките е секој пат кога во воени цели се употребува оружје од американско производство да се побара дозвола од американската армија. Тоа значи дека американците не го спречиле овој немил настан, а по пучот во Турција очигледно е дека тие го спонзорирале.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This