Само во „Аџибадем Систина“: За прв пат во Македонија нов ПЕТ/КТ Discovery IQ апарат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ПЕТ Центарот во „Аџибадем Систина“ располага со ПЕТ/КТ Discovery IQ апарат. Нова најсовремена ПЕТ/КТ камера од производителот GE. Се работи за интелигентен апарат од серијата Discovery во кој се интегрирани најсовремени софтверски решенија и протоколи, најсовремениот QClear систем за квантификација и со моќен хардвер. Со прекрасен дизајн и врвни перформанси не само во добивање квалитетна слика со помала доза, туку и одлична точна квантификација. Ефикасен, со нова ПЕТ детекторска технологија која го намалува времето на скенирање и количината на доза на радиофармацевтик на половина, што навистина прави разлика од другите ПЕТ-апарати. Се добива поквалитетна слика со точни квантитативни информации. Направен со детектор со три прстени, со можност за нивна надградба и со поголема покриеност на аксијалното видно поле. На овој начин можат да се видат и лезии со помали димензии.

Оваа иновативна детекторска технологија е поврзана со 32-слајсен КТ-систем дизајниран да ги задоволи рутинските потреби на снимање. Неговите одлични перформанси обезбедуваат квалитетна слика и во регии како рамена, колкови, области со метал и кај поголеми пациенти. Покрај тоа, напредната КТ-реконструкција ја намалува дозата на X зрачење и за 20x, а 0.5 сек. брзината на вртење во комбинација со 20 мм покриеност, овозможува брзи испитувања со пократко задржување на здивот. Покрај тоа Discovery IQ овозможува и избор на ниски kV што овозможува скенирање на мали пациенти на 80kV. Со новата QClear технологија сега се можни конзистентни и точни мерење на SUV, што е многу важно во следење на ефектот на терапијата. QClear обезбедува не само 2x подобрување во точноста на ПЕТ квантификацијата, туку и до 2x подобрување во квалитетот на сликата.

Повеќе комфор, помала доза и пократко време на снимање

ПЕТ/КТ Discovery IQ апаратот е комфорен за пациентот, со можност за промена на две маси – маса за стандардно ПЕТ/КТ снимање (од средина на главата до средина на натколениците) и долга маса за снимање на целото тело (од глава до петици). Масите издржуваат тежина до 227кг, а отворот на прстенот е широк 70 см, со што е овозможено скенирање и на угоени пациенти. Снимањето на ПЕТ/КТ апаратот е безбедно, безболно, а зрачењето е минимално. Самиот радиофармацевтски препарат и ПЕТ/КТ апаратот немаат нeгативни нeсакани ефeкти, а единствена koнтраиндикација за изведување на ова испитување е периодот на бременост. По потреба се овозможува и снимање со анeстезија.

Овој апарат овозможува скратување на дозата на радиофармацевтик за 30 до 50%, скратување на времето на сликање за 40 до 50%, со што се намалува озрачувањето и на пациентите и на персоналот кој работи, а секако се скратува и процедурата на изведување, што е значајно особено за тешките пациенти и за пациенти кои се клаустрофобични. Значи, едно сликање на целото тело со овој апарат не е подолго од 15 до 20 мин. Резултатите се добиваат за 48 часа.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This