СДСМ Е ДУВЛО НА КРИМИНАЛОТ: Раководството на СДСМ ја претвори партијата во заштитник на криминалот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека СДСМ ги губи изборите во изминатите десет години поради агресивно однесување против фактите и вистината.

vmro-1

Според ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДСМ ја претворило партијата во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

– Криминалците во врвот на СДСМ не сакаат граѓаните да ја знаат вистината. Мислат дека така ќе го сокријат криминалот и ќе ја избегнат правдата. Затоа криминалците во врвот на СДСМ наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари кои не се под контрола на СДСМ/Сорос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат имиња на нападнати новинари во изминатиот период, и посочуваат дека „ниту Здружението на новинари на Македонија, ниту соросовите невладини не реагираа кога биле напаѓани физички и со напади по живот оние новинари кои не ги исполнувале нарачките на Бихаќка и оти со молк ја одобрувале агресијата кон новинарите. Тие, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, се очигледно соработици во криминалот на СДСМ.

– Поради ваквото агресивно однесување против фактите и вистината, резултатот на СДСМ во изминатите 10 изборни циклуси е пораз со 10:0 од граѓаните на Република Македонија. Народот не сака криминалци и медиуми кои штитат криминалци, се вели во соопштението.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This