Вистинска приказна за Ромео и Јулија, приказна за недозволена љубов се случува во општина Могила каде како што пренесува Слободенпростор, градоначалничката од редовите на СДСМ Јасмина Гулевска си го вработила својот љубовника за личен телохранител.
Се работи за Леонардо Бошковски кој според наводите на Слободенпростор е дел од битолското подземје и има релации и со бели прашкасти материи, а наводно носел и оружје без дозвола. Меѓу другото Бошковски е и близок роднина на началникот на СВР Битола, Славко Јаневски.