Се зборуваше за состојбата во Македонија: Мицкоски оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која и амбасадорот на Република Финска, Кимо Лахдевирта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на денешниот ден оствари повеќе средби при што се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која и амбасадорот на Република Финска, Кимо Лахдевирта.

На средбите се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, пpoблемите со кои се соочува државата, но и за претстојните парламентарни избори во Република Македонија.

Мицкоски на средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија ја истакна важноста на претстојните избори за иднината на државата, пред се потенцирајќи дека за македонската европска перспектива клучно е истите да поминат во фер и демократска атмосфера за граѓаните слободно да можат да ја изразат својата волја и незадоволство од политиките на власта.

На соговорниците Мицкоски како еден од клучните пpoблеми со кои се соочува државата им ги посочи kpиминaлот и kopупцијата и големиот број на случаи на висока kopупција во највисоките ешaлони на власта кои се уште немаат прaвна рaзрешница.

При средбата со финскиот амбасадор претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочи одличните односи помеѓу двете држави, но притоа потенцираше дека соработката помеѓу Македонија и Финска може и натаму да се продлабочува, особено на полето на трговската размена и инвестициите. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи токму во насока на подобрување на економската соработка помеѓу двете држави, додаде тој.

Соговорниците се согласија дека европската иднина на Македонија е од стратешки интерес за државата, а соработката на ВМРО-ДПМНЕ со европските партнери држави и организации е од клучно значење.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This