Се отвора џамија во единствената европска престолина што немаше исламски храм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 14 години и по низа бирократски прeчки, првата џамија во Атина, вчера, ги отвори вратите за верниците.

Првата молитва се одржа под превентивни мерки за зaштита од коронaвирусот, а генералниот секретар за религија од Министерството за образование и религија на Грција Георгиос Каланѕис за „Катимерини“ вели дека по долги обиди на сите Влади уште од 2006 година, кога беше изгласан конкретниот закон, џамијата конечно е завршена.

Грција испраќа јасна порака во и вoн земјата. Порака на демократија, верска слобода и почитување. Но, во исто време е и порака за придржување до легитимноста и почитувањето на културата на нашата земја – вели Каланѕис.

Според весникот, дневно ќе се одржуваат по пет молитви, а планирано е и свечено отворање на џамијата, за кое управниот одбор, дополнително ќе соопшти, во зависност од текот на пандемијата.

Во јуни 2019 година, откако беше финализирана изградбата, џамијата ги отвори вратите за тогашниот министер за образование и религија на Грција, како и за новинарските екипи.

Џамијата е на мала оддалеченост од центарот на Атина, во специјално уреден простор, со голем двор со детско игралиште и фонтана, со капацитет во внатрешноста да прими 350 лица (300 мажи и 50 жени), но е без минариња.

Внатрешноста на џамијата е поделена во два дела, едниот поголем наменет за 300 верници – мажи, другиот, мала просторија за 50 жени.

Во главниот, поголемиот простор се наоѓа и посебниот дел во облик на полумесечина, вгарден во ѕидот што е наменет за имамот, а над него, на арапски е напишан дел од Коранот. Поставен е, за верниците, за време на молитвата да гледаат во насока на Мека.

Станува збор за прва државна џамија, што значи дека целата одговорност и за чување и за целиот простор ја има државата.

Атина беше единствената европска престолнина што немаше џамија, а сега станува првата европска престолнина во која ќе функционира државна џамија.

Муслиманите кои живеат во Атина, верските ритуали досега ги извршуваа во импровизирани простории од кои, само неколку се легални.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This