Се откажува од цело богатство , избра љубов – ова е приказната на принцезата Мако

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонската принцеза Мако, внука на царот Нарухито, планира да се омажи за своето долгогодишно момче Кеи Комура до крајот на оваа година и планира да одбие исплата од 1,3 милиони долари од јапонската влада, пишува Тајмс.

Јапонската влада традиционално им плаќа на жените кои го губат својот кралски статус кога ќе се венчаат. Принцезата Мако ќе се откаже од кралските титули за да се омажи за Комура, бидејќи законот во Јапонија бара принцезата да го напушти царското семејство откако ќе се омажи за човек од народот.

Тајмс исто така пишува дека принцезата планира да се пресели во Соединетите држави, каде нејзиниот иден сопруг има намера да работи во адвокатска фирма во Њујорк.

Двојката се запознала за време на студиски настан во ресторан во Токио. И двајцата во тоа време биле студенти на Меѓународниот христијански универзитет во Токио.

„Прво ме привлече неговата светла насмевка“, рекла Мако во една прилика. Тие се вериле во 2013 година, по неколкугодишна врска на далечина.

Имено, Мако поминала извесно време на студии во Велика Британија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This