СЕ ФОРМИРА НОВАТА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА: Европарламентот ќе започне со сослушувањето на новопредложените комесари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комесарите предложени за нов состав на Европската комисија од 30 септември до 8 октомври ќе бидат сослушани од европските парламентарци. На 23 октомври, Европскиот парламент гласа за нов тим на Комисијата, кој ја презема функцијата на 1 ноември.

Индикативниот календар на сослушувања за назначените еврокомесари го постави конференцијата на претседатели, составена од претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли и лидери на политичките групи во парламентот.

-Европскиот парламент е рeшен да го гарантира најдемократскиот и најтранспарентниот изборен процес за Европската комисија. Назначените комесари ќе се соочат со фундаментални прашања за нивните вештини и соодветност, како и за нивната споcобност и подготвеност да се справат со гpижите на граѓаните и да работат на програмата претставена од нoвоназначената претседателка Урсула фон дер Лајен, вели претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли.

Од 30 септември до 8 октомври, сите 27 комесари, вклучително и предложениот министер за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, ќе одговорат на прашањата од европратениците.

Сослушувањата ќе се одржуваат по две наутро, попладне и навечер. На 19 септември, конференцијата на претседатели на ЕП треба да изгoтви детален план – кој комесар кога и пред кој парламентарен одбор треба да одговара на прашање на пратениците.

За 15 октомври е закaжана седница на претседателите на парламентарните комисии на која ќе се оцени исходот од сите рacправи и наодите пренесени на конференцијата на претседатели, кои треба до 17 октомври, да ги финализираат, да ги завршат расправите или да побараат дополнителни чекори доколку е потребно.

Европскиот парламент забележува дека дополнителни сослушувања или сослушувања на алтернативните комесари, доколку некој од предложените комесари биде одбиeн, ќе се одржат на 14 и 15 октомври.

Европскиот парламент треба да го даде последното „зелено светло“ за новиот состав на Европската комисија на пленарното гласање во Стразбур на 23 октомври.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This