Силјановска-Давкова: Требаше да изградиме национална политика, вака сме како вејки на ветрот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова во денешното издание на “Што не е јасно” на Алфа телевизија истакна дека не и верува на Владата и премиерот во нивниот став дека не се преговара со Бугарија за македонскиот идентитет. Бидејќи според неа, ако постои Јанус со две лица, тогаш постои нашиот премиер со многу лица.

-Не паметам став до кој се додржал. Не знам колку пати го сменил. Инаку дека и во поглед на идентитетот и во поглед на јазикот не верувам бидејќи со склучувањето на Преспанскиот договор таму има одредби дека оние луѓе мои роднини од таа страна на границата не се Македонци и зборуваат некој друг јазик, изјави Силјановска-Давкова.

Со промената на името и сето она што оди со тоа рече таа, масовно почнаа да не потпишуваат како “Северномакедонци“.

-Како може да сум родена во Македонија и да немало војна и територијални поделби и да умрам во Северна Македонија. И ние дефинитивно требаше да го следиме примерот на Бугарија. Ако во бугарскиот парламент си донесоа Декларација, и ние требаше овде да манифестираме и да изградиме национална политика кон најважните национални прашања. А вака сме како вејки на ветрот, децидна е Силјановска-Давкова.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This