Скандалозно: Покрај виршли и шунка и по некоја вакцина против Ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дистрибуцијата на вакцините во Бугарија се направи со траспортни возила во кои се пренесуваат сувомеснати производи, во придружба на четири полициски возила. Транспортот со вакцини беше доставен до регионалната здравствена инспекција во Пловдив.

Во Пловдив вакцините нема да бидат чувани во посебен фрижидер туку во обичен ладилник, бидејќи ќе бидат користени во следните пет дена.

Во Бугарија имаше бура од незадоволство поради одлуката вакцините да бидат дистрибуирани со камиончиња за разнесување на сувомеснати производи „Леки”. Владее мислење дека е тоа многу несериозно од страна на бугарската влада.

По бурните реакции од бугарската јавност со свој коментар се јави и компанијата Бела Бугарија која ја врши дистрибуцијата на вакцините:

Возниот парк на компанијата ги исполнува најновите европски барања за овој вид на возило. Тие се опремени со најнова опрема за ладење што поддржува специјални температурни режими, сензори, термограф итн. Високиот квалитет на услугите за транспорт во фрижидер на компанијата е гаранција за целосна усогласеност со условите за брз и квалитетен транспорт на вакцината до сите пунктови низ Бугарија, уверуваат од компанијата и додаваат: Веруваме дека во услови на невидена криза во која се наоѓаме во моментов, секој е должен да придонесе за нејзино надминување, без оглед на спецификите на нивната активност, коментираат од Бела Бугарија.

Инаку, како што изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов постојат можности дел од тие вакцини да и бидат доставени како поклон на македонската влада.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This