Скyтepџии, мoтopџии и вoзaчи на aвтoмoбили ceкoјднeвнo вpшaт cooбpaќaeн и звyчeн тepop во нaceлбa Железара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите покрај улицата „Филип Филиповиќ“ во населба Железара немаат мир од скутерџии, моторџии и возачи на автомобили кои оваа улица ја користат како полигон за вежбање. Се жалат дека освен што секојдневно трпат звучен терор, повеќе немаат спокој кога децата ги пуштаат да одат безбедно до маркет и наскоро за во училиште.

– Улицата „Филип Филиповиќ“ е сервисна улица со умерен сообраќај. Ја дели и спојува населбата по должина на два дела меѓу главните улици „Коце Металец“ и „Гемиџиска“. Како таква се користи од жителите за задоволување на дневните потреби, децата ја користат за пристап до училиштето, централниот парк, спортските терени, а во вечерните часови се користи за прошетки на сите возрасни категории со и без домашните миленици – вели Маријан Калиманоски, жител од оваа улица.

Тој потенцира дека оваа идилична слика во пладневните, вечените и раните утрински часови ја расипуваат скутерџии и возачи на мотори и автомобили кои заради неможноста да излезат на главните коловози поради немање на возачка дозвола или возат нерегистрирани возила, вршат своевиден сообраќаен и звучен терор на улицата и околината.

– Единствениот влез во училиштето со возила е по таа улица, затоа не е споредна, туку стана главна, а нема ни тротоари како што треба. Сега повеќе нема спокој децата да одат безбедно по неа до училиштето. Треба да бараме влезот со возила во училиштето да биде од улицата „Ѓемиџиска“, како што беше со години наназад, каде што има тротоари од двете страни и каде децата се побезбедни – предлага Тина Каровска.

И Ане Менчова Здравковска се присетува дека кога била ученичка по таа улица слободно одела на училиште.

– По таа улица одевме слободно на училиште, коли ретко поминуваа, се возеше по „Гемиџиска“ ама на бившиот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски му текна да ја направи прометна. Го затворија влезот на училиштето од каде што се влегуваше со возила, направија многу лошо поврзување, мислам дека ни петиција од граѓаните веќе нема да промени ништо – скептична е Менчова Здравковска.

Жителите велат дека дојавите до полицијата немаат ефект заради нивната незаинтересираност поради тоа што немало инциденти. А велат дека немаат ефект и дојавите до Општината Г. Баба за поставување сообраќајни успорувачи на трите поврзувачки приклучоци кои ги користат граѓаните за премин од едната на другата главна улица.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This