СРБИЈА СТАНУВА РЕГИОНАЛНА ВОЕНА СИЛА: Србија ќе набавува моќен ракетен систем од Русија, нови авиони и хеликоптери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Би бил најзадоволен кога од Русите би ги добиле системите „Панцир“ и „Бук-М2“, пред се затоа што „Бук-М2“ е компатибилен со нашиот систем „Куб“, со што би имале солиден ПВО на одреден, среден дострел. Системот С-300 во постарите верзии веќе не се произведува, но ако би бирале некој нови, препораката е С-2500, вели Мирослав Лазански коментирајќи набавката на противракетни и противвоздушни системи на Србија

Српскиот претседател минатата недела најави и разговори за купување на нови „мигови“ и системи ПВО од Белорусија. Планот е Србија во наредните две годин да ја врати ескадрилата која ќе има најмалку 14 ловци, но ќе издвои и сериозни средства за заштита на небото и од земја.

Медиумите шпекулираат дека Србија ќе пазари еден од најефикасните и најпознати системи, С-300. Воениот коментатор за „Политика“ и соработник на „Спутник“ Мирослав Лазански потсетува дека варијантите на тој систем го поседуваат Бугарија и Грција и дека набавката би морала да биде помодерна од она што веќе постои во окружувањето кај членките на НАТО.

Би бил најзадоволен кога од Русите би ги добиле системите „Панцир“ и „Бук-М2“, пред се затоа што „Бук-М2“ е компатибилен со нашиот систем „Куб“, со што би имале солиден ПВО на одреден, среден дострел. Системот С-300 во постарите верзии веќе не се произведува, но ако би бирале некој нови, препораката е С-2500. Тој е подобар од С-300, можеби и во рангот на С-400, но не сум сигурен дека Русите бе сакале тоа да ни го продадат, освен тоа не е ефтина играчка“, вели Лазански.

„Ако купите било која верзија С-300 треба да имате најмалку една дивизија, а тоа се три батерии. Три батерии се три пати по шест возила, тоа е осумнаесет возила. На секое возило имате четири лансирни рампи, тоа помножете го со бројот на ракети, и на сето тоа додадете дополнителен борбен комплет ракети, пратечки возила за логистика, аквизициски и нишански радар. Кога ќе соберете, тоа е убава количина на долари или евра, не е тоа ефтино. Ако купувате само еден дивизион, тоа е малку“, објаснува воениот аналитичар, додавајќи дека војската на Србија има добра проценка и ќе ја направи најдобрата одлука за набавка.

„Не е проблем да се премина од летање во МИ-8 на МИ-17, тоа е многу краток процес, пилотите тоа го знаат. МИ-17 веројатно во моментот е најдобриот транспортен хеликоптер во светот, но е и поефтин од западната конкуренција. Кога би преминале на западен тип хеликоптери, тоа би чинело многу, во доменот на транспортни хеликоптери, не зборувам за хеликоптерите Х-145 кои ќе го купиме од европскиот конзорциум за производство на хеликоптери, но кога би купувале транспортни би чинеле многу повеќе. Ова е најдобрата можна комбинација“, вели Лазански.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This