СРЕДБА КОЈА ЕВРОПА ЈА ЧЕКАШЕ 59 ГОДИНИ: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба со папата Франциск

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциск денес го прими претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Ватикн со кој разговараше за состојбата на Блискиот исток и посебно за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, пренесува ХИНА

Ердоган беше испратен до плоштадот „Свети Марко“, кој поради безбедносни причини потполно бил испразнет, откаде се упатил позади зидините на Ватикан.

Ова е прв пат по 59 години, Папата во Ватикан да прими турски претседател.

Во централниот дел на Рим по тој повод беа забранети било какви протестни собири цели 24 часа, а посетата ја обезбедуваат околу 3.500 полицајци.

Помал протест од околу 200 луѓе на иницијатива на италијанското здружение на Курдите е најавен за попладне недалеку од зидините на Ватикан.

Претседателот Ердоган во Рим пристигна вчера, а неговата посета ќе заврши вечерва.

Папата, кој се залага за меѓуверски дијалог, беше во Турција во ноември 2014.

Ердоган за вчерашна „Стампа“ изјави дека Турција ниту една опција освен полнорпавно членство во Европската унија не е опција, отфрлајќи го францускиот предлог за „партнерство“.

Ердоган во текот на денот би требало да се сретне со претседателот на Италија Серџио Матарело и премиерот Паоло Џентилони, пренесуваат агенциите.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This