Адвокатската комора на Србија им наложи на адвокатите утре да не работат во знак на протест за убиството на нивниот колега Драгослав Огњановиќ кој беше дел од одбраната на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ на судењето во Хаг. 57 годишниот Огњановиќ синоќа бил застрелан пред неговиот стан во Нов Белград.
Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека неговиот 26 годишен син бил повреден во десната рака. Полицијата трага по напаѓачот и нема информации за мотивот за убиството. Огњановиќ бил адвокат во бројни случаи во кои биле инволвирани припадници на мафијата во Србија и во Косово. Адвокатската комора нуди и парична награда за информации за нападот.