СТОПИРАЊЕ НА РЕШЕНИЈАТА КОИ СЕ УШТЕ НЕ СЕ ВРАЧЕНИ: Министepот Чулев на средба со ракoводствата на синдикатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска имаше работна средба со раководствата на репрезентативниот Македонскиот полициски синдикат и Независниот синдикат на полицијата.

 

 

 

 

Министерот Чулев истакна дека е свесен за огромниот број на поплаки на полициските службеници за претходно спроведената систематизација, и дека ќе се воведе механизам за заштита од повреда на правата на вработените преку зголемен надзор и проверка на издадените решенија. Во таа насока министерот Чулев ги информираше дека донел одлука за стопирање на решенијата кои се уште не се врачени. На средбата беше договорено преставниците на синдикатите да испратат писмена информација за нивниот став во однос на последните распределувања кои предизвикаа реакции во јавноста. На преден план е професионалноста и квалитетот во вршењето на работните задачи и министерот ја даде апсолутната поддршка на полициските службеници кои ја извршуваат својата работа согласно пропишаните правила.

 

На средбата се разговараше за тековните состојби во министерството, а пред се целта сите полициски службеници професионално да придонесат претстојните избори да поминат во најдобар ред односно да се обезбеди фер и демократски изборен процес. Беше потенцирано дека било какво непочитување на законите соодветно ќе биде санкционирано. На средбата беше договорено и да биде формирана комисија за ревизија на сите правни акти издадени во последниот период во Министерството за внатрешни работи, со учество на синдикатот, која треба да утврди дали се направени неправилности и да подготви соодветен извештај.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This