Студирала архитектура, зборува пет јазици: Која е Меланија Трамп?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меланија Трамп (48), третата сопруга на американскиот претседател и мултимилијардер Доналд Трамп, секојдневно ги полни насловните страни и постојано изненадува со својата грациозна појава. Откако стана Прва дама на САД, многу работи научивме за неа, а ова се помалку познати детали од нејзината биографија кои можеби не сте ги знаеле.

– Моминското презиме на Меланија е Кнаус, родена во Југославија , Словенија, а на само 5 години прв пат прошетала по модната писта.

– Во светот на манекенството влегла со помош на мајка си која во далечната 1977 година имала своја модна линија, па малата Меланија била едно од заштитните лица.

– Меланија е втора жена во историјата на САД која станала прва дама а да не е по потекло од Америка.

– Таа е единствената прва дама која позирала гола

– Три години пред средбата со Доналд Трамп, Меланија позирала гола за француски машки магазини.

– Првата дама на Америка својот сопруг го запознала на една модна ревија

– Таа средба била многу поразувачка за Доналд. И покрај неговите обиди да ја повика на состанок, Меланија одбила да му го даде својот тел.број.

– Прекинала студии по архитектура на Универзитетот во Љубљана за да му се посвети на моделингот.

– Европска слава стекнала и во Италија и во Франција, па само неколку години подоцна стана и сопственичка на една модна агенција.

– Според традицијата тајното име на првата дама мора да почнува со првата буква на тајното име на нејзиното сопруг

– Бидејќи тајното име на Доналд е Могул, убавата словенка го носи прекарот Муза

– Меланија покрај сестрата Инес, има полубрат од првиот брак на нејзиниот татко кој никогаш не го запознала.

– Венчаницата на Меланија чинела 200 000 долари, во прашање е модел на Диор кој го изработувале преку 1 000 часа
– Сите високи претставници на Холивуд биле дел од луксузната прослава.

– Покрај мајчиниот Словенски, Меланија зборува и Англиски, Француски, Германски и Италијански. Се подразбира нејзиното познавање на Српско-Хрватски јазик.

– Меланија никогаш немала дадилка. И покрај гламурозниот начин на живот, таа била одличен родител. Сметала дека за растење на својот син Барон било важно да има соодветно родителско внимание и грижа. „Имам готвач и личен асистент и тоа е тоа“, изјавила при една прилика госпоѓа Трамп.


Извор:женскимагазин

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This