СЦЕНАРСТИТЕ СЕ СПРЕМНИ НА СЕ: Со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ запира кризата и планот за мрачни сценарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште 7 дена до големата победа која ја очекуваме и која ќе ја добиеме. Победата ќе биде голема не само заради резултатот туку и заради противникот и неговите планови. Уште 7 дена и државата комплетно си ја враќа својата самостојност и сувереност и народот покажува на сите кој е и во што верува, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ4 го започна своето обраќање вечерва на големиот митинг пред струмичани.

gruevski-strumica1

-Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, 2 ипол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата, 2 ипол години деструкција и хаос ќе завршат со овие избори на 11 декември. Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“. Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија по однос на нашата држава, рече Груевски.

Тој ги повика граѓаните и овие 7 дена што остануваат до 11 декември да останат со студени глави и да одлучат за судбината на Македонија.

-За жал не може да се помират сценаристите со ова што ги чека, со овој огромен пораз кој ќе го добијат и само мислат како да испровоцираат проблем. Нервозни се, очајни и фрустрирани се затоа што не успеаја и не успеваат, а пробаа се. Многупати тестирани сценарија во Македонија не им успеаја, затоа што нашиот народ е мудар и се гледа јасно. Нервозни се и ги знаеме многу добро дека може и да не бираат средства. Сме гледале многу примери наоколу, па и во соседството што се може да направат. Нервозни се и бараат начин како да ја продолжат кризата. Како да го одржат барем уште некое време црпнатиот, зашто нема друг таков човек кој е спремен се да продаде и се да стори само за да дојде на власт. Дури и се чуделе на што се е спремен, уникатен примерок на богаташ кој е „трчи- лажи“ и кој нема проблем со наведнување на кичмата и со блага насмевка да прифаќа се што ќе му се каже колку и тоа да е погубно за неговата земја, истакна Груевски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This