ТАНЧЕРИТЕ СО ДАУHOВ СИНДРОМ ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ ВО ХИП-ХОП ТАНЦ: Златен медал за дечињата од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Танчерите со Дayнов синдром од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ во саботата освоија златен медал на Европското првенство во хип-хоп, што се одржа во Римини, Италија. Во рамки на првенството кое почна на 16 мај, имаше и Светски куп за паратанц во хип-хоп, кој се одржа на 18 мај и танчерите од ова студио беа најдобри.

Овој медал на танчерите со Дayнов синдром им е 5. надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015.

„Среќата која се доживува кога се слуша нашата химна додека ги вееме знамињата не се опишува. Овие достигнувања се признание на трудот и упорноста на ‘Денсерс јунајтед’, кои веќе 6. година успешно работат на инклузија на овие лица и можностите на лицата со попреченост. Со ова, нашето танцово студио е најтрофеен клуб со највисоки европски и светски медали“, вели Сара Кочан од „Денсерс јунајтед“ и еден од тренерите на танчерите.

Групата со Дayнов синдром лани ги освои титулите европски шампиони, на натпреварот што се одржа во мај во Џенова во Италија, а во октомври станаа светски шампиони на натпреварот во Киелце, Полска.

„Латино јуниорската група со типичен развој во март годинава на Европското првенство во Москва беше второ место во категорија латино шоу и 2. место во модерен балет, соло девојки и постари младинци“, вели Кочан.

Таа додава дека приказната продолжува и дека целта е што повеќе луѓе да слушнат за нашите шампиони.

„Идејата е што повеќе луѓе да се приклучат на нашиот општествено одговорен инклузивен танцов клуб, а тоа е едно еднакво општество за сите“, вели Кочан.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This