ТАТКОТО НА МЕГАН НЕ ОДИ НА СВАДБА: Не сакал да ја срами

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таткото на Меган Маркл се најде во центарот на скандал кој создаде медиумска драма непосредно пред нејзината свадба со принцот Хари.

Имено, вчера беше обелоденето дека Томас Маркл во договор со папараци создавал местени фотографии кои се распространуваа низ целиот свет, а беше објавено и дека во меѓувреме тој доживеал срцев удар. По сето тоа, тој сподели дека нема да присуствува на свадбата за да не ги срами Меган и кралското семејство пред јавноста.

Еве како се развиваше скандалот:

Во изминатиов период, британските медиуми објавуваа папараци фотографии на кои Томас се подготвува за свадбата. Очигледно беше дека станува збор за договорени фотографии.

На дел од фотографиите на Томас му земаа мерки за одело за претстојната свеченост или тој вежбаше со тегови. Подоцна беше разоткриено дека момчето кое зема мерки не е ни приближно поврзано со кројач и дека вежбите се само за подобрување на имиџот.

Daily Mail тврди дека заработката од фотографиите кои биле објавени низ целиот свет се движи околу 100.000 долари.

Томас за порталот TMZ признал дека се работи за местени фотографии, но дека не ги направил за пари, туку за да си го подобри имиџот затоа што претходно папараците го прикажувале во најлошо светло. Тој вели дека и претходно добивал големи суми за интервјуа, но секогаш ги одбивал, а сега, намерите му биле добри. Сепак, тој е категоричен дека жали за последиците и тврди дека нема да присуствува на свадбата за да не ја срами Меган и целото кралско семејство.

За да е ситуацијата подраматична, „истече“ вест дека Томас доживеал срцев удар пред само неколку дена, но дека брзо закрепнал и ја напуштил болницата со намера да оди на свадбата. Но, по скандалот со папараци фотографиите, се повлекол од улогата да ја испрати Меган до олтар.

По целиот скандал, многумина оправдано се прашуваат дали срцевиот удар навистина се случил, особено затоа што Томас беше фотографиран како купува брза храна во деновите по сериозниот здравствен проблем.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This