На 21.02.2020 во 14.55 часот во СВР Тетово, Х.М.(20) од с.Долно Палчиште, тетовско пријавил дека во 14.30 часот на локален пат с.Новак-с.Јеловјане,тетовско, трактор марка “ИМТ 540“, без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(43) од с. Долно Палчиште излетал од патот и паднал во бездна длабока околу 30 метри, при што во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на месттото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, информираат од МВР.