Тони Коњановски е кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва соопшти дека Д-р Тони Коњановски е кандидатот за градоначалник на Битола на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

„Коњановски е долгогодишен доктор, битолчанец од стара позната градска фамилија, а професионално ја продолжува традицијата на својот татко. Д-р Тони Коњановски, својот работен век го поминува во ЈЗУ “Центар за јавно здравје”, а последниве четири години ја извршуваше и функцијата советник во Советот на општина Битола. Коњановски е најсериозно најдобрата понуда за Битола, заради тоа што најпрвин ја познава Битола, ги познава сите проблеми на битолчани, а четиригодишниот мандат во Советот му помага точно и прецизно да ги лоцира инфраструктурните, сообраќајните и предизвиците за локален економски развој на Битола, преку нови инвестиции, нови работни места и вложување во туризмот. Д-р Тони Коњановски, во време на КОВИД кризата, ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост“ стои во објавата.

Пеце Милевски пак е носителот на листата на коалцијата за советници во Советот на Општина Битола.

Професионалност, стручност, чесност и совесност ги одликуваат и носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Пеце Милевски – актуелниот претседател на ОК НА ВМРО ДПМНЕ Битола и целиот тим, кој што заедно ќе учествува и ќе извојува голема победа на овие локални избори. ВМРО ДПМНЕ со Коалицијата, со програмската и персоналната понуда, со својот непосреден пристап со граѓаните е единствената алтернатива на оваа власт што четири години ја уназади и упропасти Битола. Затоа таков е и изборот, д-р Тони Коњановски е толерантен, чесен, еснаф – човек, разумен, со мирна реторика, тој е вистинскиот профил и вистинската шанса Битола да добие градоначалник на сите битолчани велат од ВМРО ДПМНЕ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This