ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ ЗАБОЛЕНО ОД МАГАРЕШКА КАШЛИЦА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тримесечно бебе од Штип е заболено од болеста магарешка кашлица. Оваа ретка болест се појавува по десет години, а ја дијагностицитале лекарите од педијатрија во штипската Клиничка болница, по што е упатено на лекување во Скопје.

Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје – Штип информира дека вакцинацијата против оваа болест е задолжителна, но на оваа бебе болеста магарешка кашлица се појавијала пред терминот за имунизација.

– За оваа заболување има вакцинација, тоа е трипла вакцина, за дифетираја, тетанус и пертусис, заедно се убризгува. На возраст на детето кога ќе наполни три и пол месеци, се дава првата доза. Оваа дете и да е требало да се вакцинира немало возраст за да биде вакцинирано и затоа не е вакцинирано, вели Грков.  

Тој  појаснува дека болеста пертусис или народно кажана магарешка кашлица е бакатериско заболување, кое се пренесува преку воздухот, односно преку кашалање и кивање или пак во допир со предмет кој ја има  бактеријата.

Според анкетата и истражувањата која ја имаат направено епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип во семејството на бебето ниту еден од членовите ги немал симптомите на оваа болест, а која започнува како настинка, со течење на носот, умор и покачена температура.

Задолжителните вакцини против магарешка болест во земјава се воведени по Втората светска војна. И покрај тоа што има полемики дали е потребна имузнизацијата, сепак епидемиолозите стојат цврсто на ставот дека имунизацијата е една од најголемите придобивки за луѓето, со кои  бебињата се заштитуваат од фатални заболувања од најмала возраст.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This