По економското ебмарго и царинските блокади од САД кон Турција, кои ја ослабнаа Лирата до крајна граница, земјата е решена да стане економски независна.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
На денешна Турција не и се потребни заеми или техничка поддршка од ММФ. изјави Ердоган.Тој додаде дека темата земање кредити од ММФ е “затворена еднаш и засекогаш”.
Турција последните долгови кон ММФ ги подмири во 2013 година, а нови разговори на таа тема започна по падот на домашната валута – турската лира, во август, поради тензиите во односите со САД, откако Вашингтон ги воведе царинските давачки за увоз на челик и алуминиум од Турција.
ММФ ведна по ембаргото и царинските блокади се понуди на Турција да и даде три големи заеми со цел одржување на стабилноста на националната валута, но сите беа одбиени по кратка постапка.